Нетфликс објави колекција на филмови насловена „Црните животи се важни“, за да ги истакне искуствата со кои се соочуваат луѓето со потемна боја на кожата.
Објавената колекција е широкораспространета и содржи филмови, серии и документарци што зборуваат за животот на Афроамериканците. Некои од најпопуларните се „Портокаловата е новата црна“, „Драги бели луѓе“, „Месечина“, но и многу други.

Во САД, првото нешто што го гледаат корисниците на Нетфликс кога се најавуваат на својот профил е оваа конкретна колекција, тогаш корисниците можат да продолжат до класичната почетна страница. Додека во Велика Британија, сепак, оваа колекција „излегува“ само од страна, а корисниците можат да изберат дали да ја отстранат или да ја видат.

На Твитер, Нетфликс напиша: „Кога велиме црните животи се важни, мислиме дека раскажувањето на нивните приказни е важно“.
Тие велат дека внимателно собрале филмови што зборуваат за расната неправда во САД.

Оваа компанија е една од првите што го поддржаа движењето „Црните животи се важни“. Тие на Твитер напишаа дека поради популарноста на нивната платформа, чувствуваат должност да бидат гласни во име на сите корисници, вработени и креатори Афроамериканци.