Нетфликс го објави трејлерот за најновата анимирана серија „Светот Јура – камп Креда“ што ќе може да се гледа од 18 септември.
Серијата следи група шестмина тинејџери, кои се заробени на островот Нублар. Дејството е сместено во периодот јура, па затоа не е ни чудно што во филмот се појавуваат и диносауруси. Децата сфаќаат дека нивниот опстанок зависи само од нив самите.
Тинејџерите ќе доживеат многу интересни, но и страшни случки, а за време на престојот на островот од странци што не се познаваат ќе станат вистински пријатели, вистинско семејство. Во текот на преживувањето ќе откријат и некои скриени тајни, но и закани за целиот свет.
Во актерската екипа се: Пол-Мајкл Вилијамс како Дариус, Џена Ортега како Бруклин и Рајан Потер како Кењи, Раини Родригез како Семи и други.