Стриминг-гигантот „Нетфликс“ потврди дека ќе вклучи видеоигри како дел од претплатничките пакетите без дополнителни трошоци.
Во писмото до инвеститорите се наведува дека е во рана фаза на проширување со видеоигри, а игрите за мобилните телефони најпрвин ќе се додадат на платформата.
– Време е да научиме повеќе за тоа како нашите членови ги вреднуваат игрите – соопшти компанијата.
Но вредноста на акциите на „Нетфликс“ падна неодамна, откога стримерот ја промаши целта на претплати. Компанијата со седиште во Калифорнија претходно соопшти дека очекува да запише 3,5 милиони нови претплатници следните месеци до крајот на септември, што е помалку од 5,8 милиони колку што проценија аналитичарите.