Традиционално, ланскиот победник Нета ја отвори првата полуфинална вечер на овогодинешното издание на „Евровизија“ во Израел. На прекрасната сцена во „Експо“ центарот во Тел Авив, таа потсети зошто минатата година ги освои гласовите на публиката и го донесе евровизискиот „циркус“ повторно во Израел.

Шоуто потоа го преземаа водителите Бар Рефаели, Луси Ајуб, Ерес Тал и Аси Азар, со кои изведувачите и гледачите ќе се дружат на сите три евровизиски вечери. 

Вечерва ќе се претставата 17 изведувачи, со надеж дека ќе ги освојат првите 10-те места кои водат во саботното финале.

Во првото полуфинале ќе настапат изведувачите од Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија, Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и Сан Марино.

Нашата претставничка Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија во второто полуфинале кое е закажано за в четврток.

Тамара Тодевска на втората евровизиска проба