Непознат донатор оставил на олтар во црква во Германија 160.000 евра во коверт на кој пишувало „за Африка“.

Портпаролот на кабинетот на бискупот од Регенсбург, Клеменс Нек, рече дека ова „не се случува често“, некој да донира големи пари анонимно.

Според медиумите, вработена во црквата останала „во шок“ кога пронашла коверт преполн со банкноти во апоени од 500 евра на црковниот олтар по мисата во јуни минатата година.

Таа ковертот го однела кај пасторот, кој исто бил шокиран.

Донацијата уште требало да ја одобри извршниот директор за финансии на бискупијата, па сега парите ќе бидат распределени на повеќе хуманитарни здруженија во Африка.