Џемс и Челси Хејтон од САД со своите фотографии од венчавката ја воодушевија јавноста во целиот свет. Магијата на сликите е во тоа што младенците позирале во вода.
– Датумот 16 август го избравме бидeјќи тогаш се венчале и моите баба и дедо, ама пред 69 години. Најпрво сакавме интимна церемонија, само со нашите деца, но нашите семејства протестираа и јас морав да попуштам. Поради фотографирањето не сакавме да загубиме многу време на самиот ден на венчавката, па тоа го направивме утредента – објаснува Челси.

Идејата да ги снимат во вода дотерани со свечен костум и венчаница им ја дал фотографот Бенџамин Едвардс, кој веќе 16 години, заедно со синот што му помага, снима младоженци, понекогаш и со дрон.
Интимното место во шума, покрај водопад на двојката ѝ овозможило убава заднина. Влегувањето во вода исто така не било проблем, бидејќи денот бил топол и спарен.

– Никогаш не размислував за вакви необични фотографии, но кога видов што сѐ снимал Бенџамин се согласив и сакав да го направам тоа. Џејми веднаш влезе во водата и легна на грб, ама јас морав да го направам тоа пополека – открива уникатната невеста.
Водата можела да ја уништи скапата опрема на Бенџамин, но тој и син му биле претпазливи и сѐ минало без проблеми.