Католичките верници на Филипини за Велигден имаат необичен ритуал, за време на кој некои од нив се приковани за дрвени крстови и со ваков обред го одбележуваат големиот христијански празник.

Четворица мажи и една жена беа приковани на крст, додека беа следени од локалното население облечени како римски центуриони, со цел да го одбележат Велики петок.

Други католици од Филипините беа камшикувани или учествуваа во верските претстави во селото Сан Петро Кутид, со цел во современо време да го почувствуваат страдањето на Исус.

Илјадници граѓани, вклучувајќи и многу туристи, го гледаа овој спектакл кој го организираше локалната католичка црква.

Сликарот Рубен Енаје, по 33-ти пат беше прикован за крст во знак на благодарност кон Бога откако преживеал пад од зграда.