Со помош на вселенскиот брод „Нови хоризонти”, НАСА забележа мистериозна појава на крајот на Сончевиот систем, каде што сончевите честици допираат до границата на самиот систем, објави „Сајенс Њуз“.

На растојание 100 пати поголемо од она меѓу Земјата и Сонцето, незаситените водородни атоми во Вселената, реагираат во допир со сончевите честички кои служат да го чуваат Сонцето „во балон“, наречен хелиосфера.

Во пределот каде што двата вида честици делуваат едни врз други, наречен Хелиопауза, се смета дека има концентрација на водород. Тоа создава своевиден „ѕид”, што пак, ја распрскува ултравиолетовата светлина што доаѓа однадвор.

Однадвор ѕидот има повеќе ултравиолетова светлина отколку однатре, што укажува дека светлината се распрскува пред да влезе во нашиот систем.

Теоријата сė уште не е потврдена, но „Нови хоризонти” продолжува со своите истражувања.