Сè уште не е разјаснето зашто кожата реагира на овој начин кога ќе дојде во контакт со сончевите зраци, меѓутоа, според дерматолозите, некои компоненти на кожата иритирана од сонце имунолошкиот систем ги препознава како туѓо тело и почнува процес на одбрана од нив

Еден од почестите проблеми во текот на летните одмори е алергијата на сонце. Таа се јавува како реакција на имунолошкиот систем на сончева светлина, обично во форма на црвенило што чеша. Најчесто исипот може да се појави на деколтето, на задниот дел од дланките, надворешната страна на рацете, како и на долните делови од нозете. Кај некои луѓе се појавува врз основа на наследен фактор, додека кај други симптомите и знаците на алергија се развиваат кога ќе почнат да користат друг фактор што може да ја поттикне алергијата, како што се на пример одреден вид лекови.

Сè уште не е разјаснето зошто кожата реагира на овој начин кога ќе дојде во контакт со сончевите зраци, меѓутоа, според дерматолозите, некои компоненти на кожата иритирана од сонце имунолошкиот систем ги препознава како туѓо тело и започнува процес на одбрана од нив. Сето тоа доведува до хемиска реакција, која се манифестира со исип, пликови, оток, црвенило или некои други видови промена на кожата, кои во екстремни случаи зафаќаат поголеми делови од телото.

Алергија на сонце најчесто имаат средовечни жени, а и воопшто многу повеќе се јавува кај жените отколку кај мажите. Исто така, луѓето со посветол бел тен повеќе се склони на алергија. Кога еднаш ќе се појави, таа се повторува секоја наредна година. Одреден вид лекови и хемикалии може да ја направат кожата осетлива на сонце. Експертите тврдат дека алергиите на сончевите зраци се во пораст во сите земји. И додека изгорениците се чести кај лицата со посветол тен, алергијата на сонце не ја избира жртвата – таа ги погодува луѓето со секаков тип на кожа. Алергијата обично трае два-три дена доколку не се изложувате на сонце. Во текот на пролетта и летото сончањето може да доведе до адаптација или природно намалување на чувствителноста на кожата од ефектот на сончева светлина.

Лекарства што може да предизвикаат негативна реакција од изложеноста на сонце: антибиотици, контрацептивни пилули, антидепресиви и апчиња за покачен крвен притисок. Третирањето зависи од видот на алергијата. Во најблагите случаи тоа е само избегнување сонце неколку дена, ладни облоги и орални хистаминици. Додека за посериозен вид алергија треба да се посети доктор за да се дијагностицира алергијата, обично за тоа се користат кремови што содржат кортикостероиди. Постои и фототерапија што целосно ја изложува кожата на зголемени дози ултравиолетови зраци. Обично терапијата трае околу три недели. Како превенција од алергијата на сонце треба да се избегнуваат козметички производи што содржат етерични масла од лаванда, лимон и сл., Заштита од сончевите зрачи е секако и носењето шапка, очила за сонце, подолга облека, како и сончање со кремови со најмалку 15 фактор.
Витаминот Ц е антиоксидант што помага во заштита на каротинот на кожата и го намалува ризикот од појава на меланом. Исто така, кај алергиската реакција предизвикана од сонце неопходно е да се пие зелен чај.