Овој долгорочен дождлив период довел до истребување на многу видови и ја отворил вратата за појава на диносауруси

Дожд на земјата паѓал милион години без престан во периодот познат како карнијан, пред 230 милиони години. Времето во кое паѓал дожд милион години денес меѓу научниците е познато како карнијанска плувијална епизода, која била климатска пресвртница од претходните сушни епохи. Според последните истражувања, токму овој период со долгорочен дожд бил непознат поради вулканските ерупции и климатските промени. Во тој период исчезнале третина од видовите што живееле во морето, како и голем број животни и билки на копното. Милионскиот дожд од друга страна, пак, отворил простор за појавување видови како што се диносаурусите, но и направил место за некои суштества што постојат и денес, заклучуваат научниците.
– По долготрајниот дождлив период, следува ерупција од нови видови. Многубројни групи што денес имаат централна улога во екосистемот се појавиле тогаш – изјавува Јакопо дел Корсо, професор по геологија на Универзитетот во Вухан.

Според нивната процена, тогаш во океаните се појавиле планктони, корални гребени, а на земјата жаби, гуштери, крокодили, желки. Авторот на студијата за овој период верува дека дождот што траел милион години предизвикал формирање поле од лава, познато како Врангелија, кое покривало илјада километри од денешна Канада.
Силните ерупции во атмосферата исфрлиле околу 5.000 гигатони јаглерод, што е неколку илјади пати повеќе од количеството што денес се емитува во атмосферата во текот на една година. Огромното количество гасови предизвикало екстремни климатски промени. Климата станала значително повлажна, дождот вообичаен, а океаните покисели, што довело и до истребување на многубројни видови.