Домашни третмани за нега на кожата

Не е потребно да потрошите цело богатство за да се ослободите од несаканите појави на вашето лице и тело. Сите состојки што ви требаат успешно да се справите со овие непријатности веќе ги имате во својот дом, само треба правилно да ги искомбинирате.
Груба кожа на рацете: во еден сад ставете 2-3 филџани млеко (само малку загрејте го, да биде млако), додајте неколку кафени лажичиња шеќер и со смесата масирајте ги вашите дланки. Доколку кожата на дланките ви е многу сува, додајте 2 кафени лажичиња мед. Потоа темелно исплакнете ги дланките со млака вода.
Против мрсна кожа на лицето: помешајте еден пивски квасец во прав со малку јогурт и притоа внимавајте добро да се соединат состојките. Мешајте сè додека смесата стане хомогена, а потоа нанесете ја на вашето лице. Мирувајте 15-20 минути, па добро исплакнете го лицето.
Отстранување дамки од акни: доколку имате проблем со дамки од акни на кожата на лицето или телото, добро измијте кора од лимон, врз неа нанесете малку шеќер и масирајте нежно.
Против целулит: уште една примена на кафето – кофеинот, кој е составен дел од талогот на кафето, е одличен борец против најголемиот непријател на женскиот пол – целулитот. Соберете талог и додека се туширате, втривајте го на најзагрозените области.