Домашни кремови за самопотемнување

Во лето, тенот е императив, а за да имате прекрасна бронзена боја, постојат и домашни рецепти за правење кремови и масла за потемнување, кои ќе ви помогнат да фатите убава боја.
Какао во прав крем за самопотемнување. Ова е совршено едноставен начин да направите свој лосион. Потребните состојки се бел лосион без мирис, кој ја хидрира кожата, и 100 отсто чисто какао во прав. Прво измешајте околу 70 мг хидратантен лосион и 50 гр какао во прав. Проверете дали состојките се добро соединети и дека не остануваат грутки. Слободно приспособете го односот на овие состојки за да ја добиете посакуваната нијанса на вашиот крем за самопотемнување, како и количеството што ви е потребно.
Имајте на ум дека кремот дефинитивно ќе биде посветол на вашата кожа отколку во садот. Нанесете го кремот во тенок слој и важно е фино да го размачкате на кожата. Ако сакате тенот да ви биде постојан, ставајте го овој лосион секој ден кога сте изложени на сонце.