Оризова вода за посјајна коса и посветла кожа

Оризовата вода се смета за богата со хранливи материи, како витамини, аминокиселини и траги од минерали, поради што има моќ да ги негува и храни косата, скалпот и кожата на лицето. Таа ја осветлува кожата и го изедначува тенот, ја ублажува појавата на пигментација и темни дамки, ја ублажува штетата предизвикана од УВ-зраците, ги олеснува симптомите на сува кожа. Исто така е идеална за нега на косата, односно ја прави косата посилна. Го подобрува здравјето на скалпот, затоа што содржи мешавина од витамини и аминокиселини, што, пак, го поттикнува растот на косата. Косата станува посјајна и свиленкаста, го олеснува појавувањето на расцветани врвови со хидрирање на косата и прави да изгледа поздраво.
Иако оризовата вода е здрава за косата и скалпот, таа исто така содржи висока концентрација протеини, кои може да ја исушат косата и да создадат наслаги на скалпот. Па, затоа, употребата на оризовата вода не се препорачува повеќе од двапати неделно. Земете неварен ориз и исплакнете го добро, а потоа прелејте го со нова чиста вода. Оставете го оризот натопен во вода од половина час до еден час, а потоа исцедете го и истурете ја водата во чист сад, кој ќе го ставите во фрижидер и ќе го користите во наредните шест-седум дена.