Нега и убавина

Во зима кожата е сува и пука, а причината за тоа се студот и слабата циркулација. Други причини за груба и рапава кожа се несоодветната нега и лошата исхрана, а кога станува збор за петиците, значително влијае и носењето неудобни чевли.
Со домашен мелем, кој е направен од само две состојки, може да се реши проблемот со рапавите петици. Сѐ што е потребно се една лажица вазелин и неколку капки сок од лимон. Измешајте ги овие две состојки и мелемот е подготвен. Пред да нанесете мелем на петиците, прво натопете ги во топла вода за да ја омекнете кожата. Сокот од лимон ја дезинфицира кожата и дејствува како антиоксиданс, а вазелинот ја хидрира кожата, па затоа е добитна комбинација во борбата против испуканите петици.
Друг начин за негување на петиците е да ставите половина лимон директно на петицата. Облечете чорапи и држете ги околу 30 минути. По половина час нанесете малку вазелин или кокосово масло. Ако го изведувате овој „третман“ неколкупати неделно, ќе забележите големи резултати.