Со киви се ублажуваат брчките

Возраста, стресот и напорната работа резултираат со брчки на лицето. Тие се неизбежни, но можете да ги намалите и да се посветите на враќање на еластичноста на лицето само со неколку природни состојки. Антиоксидансите и витаминот Ц се двете најважни состојки во кивите, кои исто така влијаат на еластичноста на кожата и нејзината хидратација. Природните маски се секогаш најдобри и најздрави, па затоа природната маска од киви е најдобриот избор доколку на вашата кожа се појавиле брчки.
Количеството витамин Ц е речиси двојно поголемо отколку кај портокалите и лимоните. Освежете го лицето со маска од киви. Излупете еден плод, а потоа изгмечете го со вилушка. Исцедете го сокот од смесата, па додадете лажичка мед. Измешајте сè добро и нанесете го на кожата. Оставете ја добиената маска на лицето половина час, а потоа исплакнете го лицето со лесни кружни движења и нанесете хидратантна крема.