Како дејствуваат шампоните  без сулфат и силикони?

Шампони без сулфат, парабени и силикони се наменети за природна нега на косата и содржат благи сурфактанти, кои не се агресивни за скалпот, не ја сушат косата и не ги мијат бојата и другите третмани за коса (како што се третман со кератин или олаплекс).
Ако комбинацијата на состојки во шампонот е добра, веројатно нема да забележите разлика во споредба со шампоните со сулфати, освен што вашата коса ќе биде многу поздрава. За да бидете задоволни со овие шампони, многу е важно добро да ја навлажните косата пред да ги нанесете, бидејќи само тогаш природниот шампон ќе биде добро распореден на косата и добро ќе си ја заврши својата работа. Ако имате проблем со формирање пена, веројатно косата не е добро влажна, па затоа е подобро да додадете повеќе вода за активирање на шампонот, отколку да ставите нова доза шампон. При плакнењето, добро исплакнете ги сите остатоци од шампонот, бидејќи тие ја прават косата тешка, без оглед на тоа што не содржат сулфати, парабени или силикони.