Нега и убавина

За здрава коса потребни ви се минерали и протеини, а зелениот зеленчук е извор на квалитетни аминокиселини, кои се добри за целото тело. Исто така, зеленчукот е богат со разни минерали и витамини. Здравите масти се клучни ако сакате да ја негувате косата. Семето на чиа не само што е одличен извор на здрави масти туку содржи и омега-3 масни киселини, кои ја стимулираат циркулацијата, а тоа осигурува дека сите хранливи материи ќе стигнат до коренот на вашата коса.
Ако сакате бујна убава коса, потребен ви е витамин Б, а семките од тиква се природен извор на биотин (Б7), кој го стимулира растот на силна и цврста коса и го забрзува растот на вашата коса. Семките од тиква содржат и витамин Ц, кој помага во производството на себум, природно масло што ја хидрира вашата коса. Поленот од пчели содржи огромни количества минерали, антиоксиданти и витамини од групата Б, а истовремено е одличен извор на протеини.
И клучот за убава и сјајна коса е хидратацијата. Водата ви помага да го исчистите вашето тело од штетниот отпад, а колку е „почисто“ телото, полесно циркулираат хранливите материи и успеваат да стигнат до коренот на вашата коса.