Кафето е сојузник во негата

Кафето може да биде вашиот идеален сојузник во грижата за лицето и телото, како и за нега на косата. За таа цел, може да се користи свежо мелено, но и во форма на талог што останува во чашата откако ќе го испиете. Кафето е многу често состојка на многу козметички производи, пред сѐ затоа што е богато со кофеин и антиоксиданси што можат да ја исчистат, освежат и затегнат кожата.
Пилинг за лице и тело – Сè што треба да направите е да ги искористите остатоците од кафето и да ги измешате со мало количество кокос, маслиново масло или од кантарион и потоа да го нанесете со движења на лицето, но и на целото тело.
Маска за лице – Можете да користите свежо мелено кафе за да направите идеална маска за лице. За подобра хидратација, треба само да измешате лажица мелено кафе и лажица мед, да го нанесете на лицето и да го оставите да дејствува 20 минути.
Третман на коса – Откако ќе направите домашно кафе, измијте ја косата со шампонот што вообичаено го користите. Исушете ја косата, но не целосно. Потоа истурете го кафето на коста. За подобар ефект, можете да ја соберете косата во ќесе. Држете 20 минути и потоа исплакнете.