Тајната на кратката коса на принцезата Дијана

Сем Мекнајт, денес еден од највлијателните фризери на светот, ѝ беше личен фризер на принцезата Дијана. Токму поради тоа, тој ѝ ги прави фризурите и на глумицата Ема Корин, која ја игра леди Ди во серијата „Круна“ и со своите талентирани раце го постигнува истиот ефект.
– Добро е што Ема има исто така густа коса, каква што имаше Дијана. На сетот, како и со принцезата, користевме жешки виклери, потоа косата ја чешлав и ставав лак. За оваа фризура е важно лакот да не е многу цврст, за да може да се исчешла и по ставањето лак. Инаку лаковите што ја лепат косата се идеални за залижани фризури, додека волумен се постигнува со виклери и со чешлање на косата нагоре, а потоа нанесување лак за да остане сѐ на исто место и да не падне на темето – објаснува Мекнајт.
Тој со принцезата работел на почетокот на 1990-тите г. и заслужен е за нејзината кратка, уредна фризура, што многу ѝ се допаѓала и на лејди Ди и велела дека токму тој изглед ѝ ја вратил самодовербата.