Kако да ви биде поудобно во високи потпетици

Историски гледано мажите први почнале да носат чевли со потпетици, меѓутоа денес жените предничат кога се во прашање ваквите обувки. Меѓутоа, иако на нозете изгледаат убаво, повеќето се многу неудобни. Неколку совети што ќе ви помогнат да заборавите на болките во стапалата.
Набавете ортопедски влошки – можат да бидат фабрички или направени по мера. Тие ги израмнуваат стапалата во чевлите и ви го олеснуваат чекорењето.
Залепете ги средниот и четвртиот ножен прст со фластер или ставете малку памук меѓу нив. Меѓу овие два прста има нерв што може да почне да боли ако носите високи потпетици. На тој начин ќе го ублажите притисокот и одењето ќе ви биде поудобно.
Ставете балсам за усни на потенцијалните места на ногата каде што би можеле да ви се направат плускавци. Се разбира, купете си друг балсам што ќе го користите за усните.
Користете сув шампон – некои марки чевли имаат посебна пудра за стапала што ја впива потта и го спречува лизгањето на стапалата. Но за оваа цел може да се користи и сув шампон.