Пет чуда на студениот туш за вашата кожа

Студениот туш може да ни ја раздвижи енергијата и да ни помогне наутро полесно да се разбудиме. Освен тоа, туширањето со студена вода има и други бенефиции: ја забрзува циркулацијата, а тоа пак значи свеж и блескав изглед. Добра вест е дека не мора предолго да стоите под студениот млаз. И туширањето со блага студена вода, па дури и млака, е доволно за нега на вашата кожа.
Навиката за секојдневно туширање со студена вода ѝ помага на вашата кожа да остане млада и убава. Студената вода го активира нервниот систем, а телото ослободува хемиски супстанции во мозокот, кои се борат против стресот.

Неодамнешни студии сугерираат дека психолошкиот стрес има директно влијание на стареењето на кожата и негативно влијае на многу системи во телото.
Исто така, студениот туш испраќа огромно количество електрични импулси во мозокот и поттикнува ослободување „среќни“ хормони или ендорфини. Кога телото ги испушта овие хемикалии, нивото на стрес се намалува, па се намалуваат и проблемите како појава на акни, псоријаза и дерматитис.
Истовремено, студената вода ги затвора и порите и кожата на лицето ја прави посветла.