Што ќе се случи кога ќе престанете да се шминкате?

Жените во потрага по совршен изглед својата единственост често ја прекриваат со дебел слој пудра. Но константо нанесување шминка може да ѝ наштети на вашата кожа, а од друга страна прекинот на нејзино нанесување може да му помогне на вашето ментално здравје.
Истражувањето што го спроведе компанијата „Канебо козметикс“, во соработка со група научници, откри дека во моментите пред шминкањето жената се чувствува како да ќе стави лице на друга личност, а кога шминката веќе е на нејзиното лице се чувствува како тоа да е нејзино ново лице.

Освен психолошките, тука се и другите бенефиции: поздрава и поубава кожа на лицето, како и помлад и поприроден изглед. Интересно е сознанието дека луѓето повеќе им веруваат на ненашминканите жени.
Исто така ќе ви се зголеми самодовербата и згора на сѐ ќе заштедите пари. Без оглед дали препаратите се евтини или скапи, некои од нив ги затвораат порите, а тоа, пак, повлекува одење на козметичар и дерматолог. Кога употребата на шминка е минимална, на вашата кожа ќе ѝ бидат потребни само вода, средство
за чистење на лицето и хранлива крема.