Англиската кралица Елизабета наспроти своите години (93) не се откажува од извршувањето на кралските должности. Ако се прашувате во што е тајната на нејзината виталност и долговечност, ќе ви понудиме неколку одговори.
Генетика: мајката на кралицата Елизабета дочека 101 година. Иако до оваа бројка ја делат уште 7 години, многумина се убедени дека и таа ќе надмине 100 години.

Животен стил: ги избегнува штетните навики како пушење и алкохол.
Никогаш не престанала да работи: државни посети, хуманитарни акции, разни церемонии, секаде е присутна. Научниците наведуваат дека на тој начин таа го одржува мозокот витален и млад.

Здрава храна: за појадок јаде пченкарни снегулки со сушено овошје и со ореви. Ручекот и вечерата ѝ се лесни, на пример пилешко или риба со зеленчук. И не јаде тестенини и компир доцна навечер.
Долги прошетки: и во 93-та година кралицата е мошне активна и во добра кондиција. Секојдневно прави долги прошетки, за да остане физички активна.

Пиење чај: секое утро го почнува со шолја зелен чај, бидејќи тој е полн со антиоксиданси што помагаат за обновувањето на организмот.