Меѓу учесниците на јубилејниот 20-ти светски музички фестивал „Егзит“, кој ќе се одржи од 2 до 9 јули на тврдината Петроварадин во Нови Сад, е и членот на Рокенрол-куќата на славните и човекот чии отпечатоци од раката се на тротоарот на холивудските рок-ѕвезди, Марки Рамон. Тој ја изгради својата кариера свирејќи 15 години како тапанар во легендарниот панк-состав „Д Рамонс“, а токму во тој период овој бенд објави една од своите најпознати песни „I Wanna Be Sedated“. По повеќе од 1.700 отсвирени концерти и над 15 изданија, групата го најде своето место во Рокенрол-куќата на славните, а наедно нејзините членови се двократни добитници на наградата за животно дело, еднаш од страна на Ем-ти-ви и еднаш на „греми“. „Марки Рамонс блицкриг бенд“, со кој Марки настапува, продолжува и оваа година со бомбастично темпо, а својата завидна енергија и најголемите хитови на бендот „Д Рамонс“ ќе ги донесе и на најголемиот музички настан во регионов.

Меѓу годинашните учесници е и американскиот хит-рапер Шек Вес, еден од водечките британски инди-рок бендови „Метрономи“, како и њујоршките хардкор-херои „Агностик фронт“, како и уште дваесетина други изведувачи.