Американскиот режисер Стивен Спилберг создаде некои од најпознатите и највпечатливи моменти во филмската индустрија, но меѓу сите негови дела се наоѓа и едно кое му е најдраго.

Станува збор за филмот Е.Т. од 1982 година, кој, според сопственото тврдење, го гледал најмногу пати досега од сите свои останати филмови.

Тој истакна дека тоа е филм кој имал најголемо влијание врз него и неговиот живот, бидејќи поради овој филм посакал да стане татко.

– Никогаш не сум размислувал дека би можел да имам деца. Премногу бев зафатен со кариерата за да размислувам за деца – изјави славниот режисер.

Спилберг открива дека „работејќи со Дру Баримур, Хенри Томас и Роберт Мекнотон, како и со возрасни луѓе кои во текот на снимањето се однесувале како деца, тој сфатил дека сака деца“.

– Тоа е филм, кој од оние што сум ги режирал, најмногу пати сум го гледал досега, бидејќи сите мои деца сакаа да го гледаат. Покрај тоа, ваков филм е добро да се гледа заедно со татко, бидејќи децата на почеток се плашат од Е.Т., кој изгледа поинаку- додава режисерот.

Спилберг има шест деца – три синови и три ќерки. Тој се уште верува дека постои вонземјански живот.