Семејството на починатиот Стивен Хоукинг на комеморацијата ги покани и патниците низ времето, како потсетување на еден од феномените со кои за време на животот се занимаваше славниот британски физичар.

Најпознатиот современ научник почина во март во 76 година од животот, откако целата кариера ја посвети на проучувањето на постанокот на вселената, тајните на црните дупки и природата на самото време.

Заинтересираните се повикани да набават влезници за комеморацијата во Вестминстерската опатија на 15 јуни, каде што урната со пепелта на Хоукинг ќе биде положена покрај гробовите на Исак Њутон и Чарлс Дарвин.