Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаеше само за четири. Антарктикот под мразот крие 470 езера, но најновите истражувања на американските и британските научници укажува на тоа дека ги има и во северно поларниот регион, пишуваат британските медиуми.

Тие не се многу големи. Нивната големина е приближна на езерото Восток, кое се наоѓа на Јужниот пол и е долго 250 километри. Најголемото субглацијално езеро на Гренланд е долго само шест километри, а новоотркиените езера се наоѓаат под мразот дебел неколку километри.

Притисокот и геотермалната топлина успеваат да ја одржат водата во течна агрегатна состојба, а водата настанала од топењето и се задржала во шуплините. Поради сѐ повисоките температури, мразот се топи и се движи кон океаните, а водата му го олеснува движењето. Кога би се стопил целиот мраз на Гренланд, нивото на океанот би пораснало за 7 метри.

Според податоците на американските научници, под ледената плоча се наоѓа многу вода. За време на истражувањето, Џејд Боулинг од Универзитетот во Ланкастер, воочила дека постојат 54 езера и дека за разлика од оние антарктичките, групираниоколу внатрешните ледени делови, новите гренландски езера, во главно, се наоѓаат при крајот на ледениот покривач кој е стабилен и се движи бавно.