Традицијата да се вапсуваат шарени јајца за Велигден трае со векови, а најстарите чоколадни примероци се чуваат во Англија. Две велигденски јајца направени од чоколада се чуваат во музејот „Јорк Кастл“ во Јоркшир и се проценува дека се стари 90 години. Направени се од чоколада, завиткани се во целофан и добро зачувани, наспроти нивната старост.

Меѓутоа, приказната за која се врзува едното од јајцата е многу тажна. Тоа е наречено Тери, а било наменето за болно момче, кое починало пред Велигден, во 1920-тите години, додека јајцето Роунтрис во 1926 година го купило 14-годишно момче за својата мајка. Таа го зачувала и го донирала во музејот и сега тоа е музејски експонат.
– Со оглед на нивната старост, овие јајца се навистина ретки и се во извонредна состојба. Чоколадата е недопрена со децении – изјавила Кети Браун, која работи во музејот како кустоска.