Аеродромот во Атланта, САД уште еднаш е најпрометниот аеродром на светот. Повеќе од 107 милиони патници минале низ Хартсфилд-Џексон минатата година, што го прави најпрометен објект од ваков тип 21. година по ред.

Во прилог, листата на најпрометните аеродроми за 2018 година, според Си-ен-ен.

1. Меѓународен аеродром Хартсфилд-Џексон Атланта (Џорџија, САД) – 107.4 милиони патници
2. Меѓународен аеродром Пекинг (Кина) – 101 милиони патници
3. Меѓународен аеродром Дубаи (Обединети Арапски Емирати) – 89.1 милиони патници
4. Аеродром Лос Анџелес (Калифорнија, САД) – 87.5 милиони патници
5. Аеродром Ханеда Токио (Јапонија) – 87.1 милиони патници
6. Меѓународен аеродром О’Хер (Илиноис, САД) – 83.3 милиони патници
7. Аеродром Хитроу Лондон (Велика Британија) – 80.1 милиони патници
8. Меѓународен аеродром Хонг Конг (Кина) – 74.5 милиони патници
9. Меѓународен аеродром Шангај Пудонг (Кина) – 74 милиони патници
10. Аеродром Парис Шарл де Гол (Франција) – 72.2 милиони патници
11. Аеродром Схипхол Аместердам (Холандија) – 71 милиони патници
12. Меѓународен аеродром Индира Ганди Њу Делхи (Индија) – 69.9 милиони патници
13. Меѓународен аеродром Гванжу Баијун (Кина) – 69.8 милиони патници
14. Аеродром Франкфурт (Германија) – 69.5 милиони патници
15. Меѓународен аеродром Далас/Форт Ворт (Тексас, САД) – 69.1 милиони патници
16. Меѓународен аеродром Инчеон Сеул ( Јужна Кореја) – 68.4 милиони патници
17. Меѓународен аеродром Ататурк Истанбул (Турција) – 68.2 милиони патници
18. Меѓународен аеродром Соекарно-Хата Џакарта (Индонезија) – 66.9 милиони патници
19. Аеродром Чанги Сингапур (Сингапур) – 65.5 милиони патници
20. Меѓународен аеродром Денвер (Колорадо, САД) – 64.5 милиони патници