Наречено е најосамено место на светот поради најголемата оддалеченост од копното. Најблиското земјиште до гребенот Станард е оддалечено 40 км. Го нарекуваат најосаменото место на светот, а изолираниот светилник на езерото Супериор изгледа дека е можеби една од најстудените локации во светот.
Американската крајбрежна стража минатата недела отпатува до светилникот Станард Рок во Мичиген за да изврши поправки и се врати со неколку извонредни фотографии од оваа далечна дестинација.
Долниот дел на светилникот деновиве е покриен со снег и мраз. Гребенот, на кој сега стои светилникот, го открил капетанот Чарлс Ц. Станард во 1835 година. Околу 50 години подоцна, бил изграден светилник висок 78 метри, кој преживеал бури и мраз повеќе од 150 години.