Потполковникот Ото Скорчени бил специјализиран за герилски битки за време на Втората светска војна и учествувал во бројни операции за спасувања, киднапирања, атентати и одбранбени операции во Европа. Како резултат на тоа станал омилен командир на Хитлер, а сојузниците го прогласиле за „најопасен човек во Европа“.

Скоречени бил висок 193 сантиметри и имал лузна на левиот образ, којашто ја добил во двобој.

Роден е во 1908 година во Австрија, а станал нацист во 1931 година. По избивањето на Втората светска војна, неговата воена кариера се движела по трнлив пат. Тој поради неговата висина бил одбиен од Луфтвафе (германски воздухопловни сили). Затоа се приклучил на СС-единиците и станал офицер во Лејбенштандарт, Хитлеровата девизија за обезбедување.

До 1942 година се борел во Холандија, Франција и на Источниот фронт, каде што за малку ќе загинел откако го погодил шрапнел во главата.

Додека се опоравувал во Берлин се заинтересирал за воени операции и почнал да учи се` за герилските тактики и неконвенционалните методи на војување.

Поставен е на чело на новоформираната единица со тимот командири и тргнал на првата мисија, операцијата „Франсоа“, која не се одвивала според плановите, ама затоа следната акција доживеала голем успех. Во јули 1943 година, италјанската влада го симнала од власт Бенито Мусолини, а Хитлер ветил дека ќе го спаси. Италјанците го преместувале Мусолини од една локација на друга и почнала игра на мачка и глушец, а Скорчени конечно го „фатил“ во регионот Абрузо. На 12 септември, откако повеќето сакале да се откажат од акцијата, Скорчени не се откажал и го пронашол Мусолини и го спасил. Поради оваа акција Хитлер го одликувал Скорчени со витешки крст, а импресиониран бил и Винстон Черчил. После оваа акција Скорчени станал многу славен.

Следната акција била уште потешка, односно Хитлер го пратил да се инфилтрира на Техеранската конвенција и да ја убие „големата тројка“ – Черчил, Рузвелт и Сталин. Оваа акција не успеала.

Следната година учествувал во воените редови во Берлин, со цел да не дојде до меѓународна војна меѓу германските трупи, со што стекнал апсолутна доверба кај Хитлер. После оваа акција Хитлер му дал задача на Скорчени да го киднапира синот на лидерот на Унгарија, а успешната мисија помогнала Унгарија да остане на страната на Германија за време на војната.

Сепак, неговата најпозната мисија била „Грифон“, дел од Хитлеровиот план да ја сврти ситуацијата во негова полза. Планот бил да се окупираат главните мостови, додека командирите облечени во американски униформи предизвикувале хаос во непријателските линии. Неговите луѓе ги пресекле линиите за комуникација, издавале лажни наредби и ги смениле патоказите. Во американските редови се појавила параноја, дури дошло и до меѓусебни убиства. Почнала потрагата по германските шпиони. Скорчени пуштил глас меѓу своите луѓе дека мета им е генералот Ајзенхауер, кој бил во Париз, а кога двајцата германски шпиони биле откриени, тој план пропаднал.

По завршувањето на војната Скорчени успеал да побегне и да го избегне апсењето, а во 1950 година пребегал во Шпанија каде што добил азил. Навидум живеел нормален живот и водел мал бизнис, ама се шпекулира дека им помагал на нацистите да пребегаат во Латинска Америка.

Сепак, било многу чудно кога било откриено дека дури десет години работел како израелски платен убиец. Двајца агенти на Мосад се спријателиле со него и неговата жена и во 1962 година Израел сакал да ја прекине египетската ракетна програма. Скорчени ја прифатил работата и во Минхен ликвидирал еден нацистички научник што работел на ракетнета програма. Во Египет испратил пакет со експлозив и убил пет работници во воената фабрика, и со тоа успешно ја завршил работатата затоа што останатите германски научници се разбегале низ Европа.

Починал во 1975 година и имал два погреба, еден во Мадрид и еден во Виена, на кои бил испратен со нацистички почести, додека свиреле омилените Хитлерови песни.