Во оваа градина, градинарите не пристапуваат кон растенијата без заштитна облека. „Алнвик поисон гарден“ се наоѓа во Нортамберленд во Велика Британија и е дел од комплексот со замок и други класични градини, кои постепено настануваат од 1750 година.
Отровната градина е додадена во 2005 година и веднаш стана голема атракција.
Содржи повеќе од сто растенија со различен степен на токсичност собрани од целиот свет, а на влезот има предупредување: „Овие растенија може да те убијат“.
Речиси 800.000 посетители поминуваат низ градината секоја година, а некои од нив знаат и да паднат во несвест. Некои од овие растенија изгледаат многу убаво и деликатно, па затоа е тешко да се замисли дека се многу опасни.
Околу нив има предупредувања дека не смеат да бидат допрени, помирисани или ставани во уста, а децата постојано мора да бидат под надзор на родителите. Секое растение има и опис, на пример колку отрови има, кои се симптомите на труење, како може да убие човек, колку долго, за што служело или служи и денес итн.