Училишниот живот, деновите на учење, но и на забава и безгрижност, на првите радости, но и разочарувања од животот, незаборавните средби и тажни разделби…, сето тоа во комбинација со многу хумор го има во овие десетина филмови, инспирирани од средношколскиот живот. Убава можност да минете неколку пријатни часа и да се потсетите на вашето средношколско време.

1. „Шеснаесет свеќички“ (1984 г.)

Што може да биде поубаво од славење роденден, особено ако имаш 16 години. Но за средношколката Саманта Бекер овој ден беше вистинско разочарување. Не само што нејзините родители сосема заборавија да ѝ честитаат, бидејќи целото внимание им беше насочено кон подготовките на венчавката на постарата ќерка, туку роденденот ѝ го заборави и момето во кое е вљубена…

2. „Таа е машко“ (2006 г.)

Младата Виола едноставно не може да го замисли својот живот без фудбал. За неа нема ништо поубаво од трчањето по топката со пријателките од женскиот фудбалски тим. Но веста дека тренинзите се откажани, ја принуди да се одлучи на храбар чекор – да го глуми својот брат близнак Себастијан и да го заземе неговото место во фудбалскиот тим. Овој потфат е многу ризичен и може да има долготрајни последици…

3. „Малерозен петок“ (2003 г.)

Ова е приказна за две генерации и за судирот меѓу главните ликови. Доктор Тес долго и безнадежно се обидува да пронајде заеднички јазик со својата ќерка Ана. Таа тврдоглаво им се спротивставува на сите негови обиди да ги подобрат односите. Но се случува нешто неверојатно, во петок наутро и двајцата се будат во телото на оној другиот, очигледно судбината одлучила да ги смири. Ќе ја искористат ли таткото и ќерката оваа шанса.

4. „Тато има пак 17“ (2009 г.)

Многу луѓе посакуваат да се вратат во времето за да влијаат на иднината. Мајк О’Донел (37), кој себеси се смета за целосен губитник, не е исклучок. Тој искрено сака да го врати часовникот за да поправи некои грешки. И – навистина добива шанса. На чудесен начин, тој се враќа во училиштето во кое учел и сега е ѕвезда на локалниот кошаркарски тим. Но тој е и сон на најубавите девојки и соученик на своите деца. Извонредна можност од несреќен и несмасен татко да се претвори во вистински пријател и сојузник.

5. „Небо на љубовта“ (2007 г.)

За разлика од своите врснички, кои постојано зборуваат за момчиња, средношколката Мика нема никакво љубовно искуство. Но еден ден сѐ се менува, кога пред неа ќе се појави шармантното момче Хиро… Таа сфаќа дека цело време сонувала за него, но дали нивната врска е можна.

6. „Три метри над небото“ (2010 г.)

Таа е добро воспитана девојка, скромна и невина, тој е хулиган, зависник од опасни и ризични ситуации. Наспроти тоа, тие се вљубуваат искрено и страсно, но колку ќе трае нивната среќа?

7. „Покажи ми ја љубовта“ (1998 г.)

Животот во шведскиот град Омол е многу здодевен и монотон. Оние што сонуваат за подобар живот и за големи достигнувања немаат што да прават тука. Поради тоа последната училишна убавица Елин ги брои деновите до матурирањето, за да избега од ова мрачно место. Таа, сепак, се забавува колку што може со локалните момчиња. Но за неа е предизвик е да си „поигра“ со скромниот Јохан, кој е тајно вљубен во неа…

8. „Американска пита“ (1999 г.)

На една училишна забава, четворица најдобри пријатели: Џим, Финч, Оз и Кевин стануваат свесни дека никој од нив не успеал да ја загуби невиноста. Затоа решаваат итно да направат нешто во врска со тоа. Ставаат облог дека секој од нив ќе спие со девојка до одењето на колеџ.

9. „Лоши девојки“ (2004 г.)

Шеснаесетгодишната Кеди го минала детството во Африка со своите родители, кои имаат зоолошка градина. Таа од прва рака знае што е „закон на џунглата“ и правилото дека „само најсилниот преживува“, или мисли дека знае? Кога тргнува во новото училиште, таа не е подготвена за суровата реалност, особено кога ќе се вљуби во момчето на најзлобната ученичка во одделението.

10. „Потрага по љубов“ (2002 г.)

Линдон Картер, најпопуларното момче во училиштето, по еден инцидент е пратен на принудна едукација. Тогаш ја запознава Џејми Саливен, скромна и срамежлива девојка што досега не ја ни забележал, бидејќи не се вклопувала во неговиот начин на живот. Но сѐ се менува кога подобро ќе ја запознае…