На шеесетина километри од Порто, во португалскиот град Арука, наскоро ќе се отвори најдолгиот мост за пешаци во светот. Долг е 516 метри, поради што го доби името „516 Арука“.
Мостот гледа на кањонот на реката Паива, изграден е дури 175 метри над земјата, а широк е 1,2 метар. Направен е од челични кабли и метални решетки и е поставен помеѓу две бетонски кули.
Потребни се од пет до десет минути за да стигнете од едниот до другиот крај. Времето на преминување исто така може да се зголеми во зависност од тоа дали ќе застанете додека одите од страв од височина или од желба да му се восхитувате на спектакуларниот поглед на кањонот.
Мостот „516 Арука“ треба да биде отворен во текот на идната година, но точниот датум засега не е познат. Кога ќе се отвори, и официјално ќе го симне од тронот досегашниот најдолг висечки мост во Цермат, Швајцарија, кој е долг околу 500 метри.