Просторот во близината на местото Моенава во Аризона, САД, денес изобилува со пустински пејзажи, на кои се наоѓаат стотици отпечатоци од стапала на диносауруси. Пред 200 милиони години тоа било мочуришно корито, по кое оделе овие џиновски животни.
Отпечатоците потекнуваат од раниот период јура, кој почнал пред 201,3 милиони години, а завршуваат на почетокот на средна јура, пред 174,1 милиони години. Не е можно со сигурност да се утврди кој специфичен вид на овие животни ги оставил отпечатоците, но некои експерти сметаат дека станува збор за дилофосаурус.

Неговите остатоци одговараат на временскиот период и големината на големиот број отпечатоци откриени на споменатото подрачје. Тој бил висок 7 метри и тежок околу 400 килограми и бил еден од најголемите копнени предатори во Северна Америка во тоа време.