Летање со балон во Кападокија е авантура што сака да ја доживее секој турист што ќе ја посети Турција. Дури и цената, која се движи од 100 до 200 евра за возење, не е пречка за оние што сакаат да се издигнат над прекрасните пејзажи. Но малкумина се оние што знаат дека оваа атракција е создадена сосема случајно и дека некое време дури беше и забранета.
Првиот лет со балони над Кападокија се случил во 1989 година. Менаџерите на добро познатиот синџир хотели дизајнирале уникатна рекламна кампања за нивните хотели, па затоа набавиле два балона што летале како подвижна реклама за „Робинсон лоџ“. Една година подоцна, турските власти забраниле летови со балони за странци. Меѓутоа, во 1991 година се одржа натпревар на професионални пилоти со балони на топол воздух од целиот свет. По овој прв визуелен перформанс, основана е првата компанија за балони, поддржана од двајца пилоти од еден приватен инвеститор.

Тие одлучија да формираат своја компанија што нуди атрактивен лет со балони за заинтересираните туристи. Прво, жителите на Кападокија не гледале поволно на овој деловен потфат, но сфаќајќи колкав интерес има од туристите, се премислиле.
Малку по малку почнале да се вклучуваат во овој бизнис, отворајќи компании што ја нудат оваа привлечна услуга. Денес има 25, а сите заедно имаат 250 балони, но, за жал, не може секој да се издигне во исто време. Властите дозволија „само“ 160 балони да летаат истовремено над Кападокија. Статистичките податоци велат дека во просек дури 500.000 луѓе годишно во Кападокија уживаат во ова неверојатно искуство, секако доколку тоа го дозволуваат временските услови.

Најдобро време да летате со балон над Кападокија е пред изгрејсонцето. Имено, за да се кренат балони со топол воздух на небото, температурата мора да биде на најниската дневна точка. Една корпа може да прими од 10 до 28 патници, а летот трае од 45 до 70 минути. Се лета на надморска височина од околу 600 метри и се препорачува, без оглед на годишното време, патниците да се облечени потопло.
Секој балон се состои од кошница и купола од балон. Кога ќе го заврши летот, секој добива сертификат со кој се потврдува дека летал со балон над Кападокија, што е најубавата меморија за многу туристи од Турција.
Бизнисмените отидоа и чекор подалеку, па им понудија патувања со балони на заљубените двојки, по специјална цена. Запросување во облаците чини 1.000 евра.