Кристофер Џонатан Џејмс Нолан (Лондон, 30 јули) е британско-американски режисер, сценарист и продуцент. Син на Англичанец и на Американка, Нолан е државјанин и на Обединетото Кралство и на САД. Оженет е со Ема Томас, неговата долгогодишна продуцентка. Има четири деца и живеат во близината на Лос Анџелес. Често соработува со својот брат, писателот Џонатан Нолан, и со глумецот Кристијан Бејл.
Во кариерата има режирано 10 играни филма, плус неколку кратки филмови. Речиси сите му се врвни, а повеќето се култни и меѓу најдобрите на сите времиња. Меѓутоа не е понесен од славата и парите како многумина во Холивуд, туку ги следи своите желби и соништа. Номиниран е пет пати за „оскар“, но сѐ уште нема освоено.

1. „Почеток“ (2010)
Жанр: акција, авантура, научна фантастика
Актери: Леонардо ди Каприо, Џозеф Гордон-Левит, Елен Пејџ, Том Харди
Кратка содржина: крадец, кој краде корпорациски тајни со користење технологија за размена на сонот, добива спротивна задача – да му стави идеја во главата на извршниот директор. Филм за сонувањето, борбата, љубовта, возбудата, филм во кој реалноста и нереалноста се преклопуваат.

2. „Темниот витез“ (2008)
Жанр: акција, криминал, драма, научна фантастика
Актери: Кристијан Бејл, Хит Леџер, Арон Екхарт
Кратка содржина: кога заканата позната како Џокер се издига од своето мистериозно минато, создава хаос на улиците на Готам, темниот витез мора да се соочи со еден од најголемите психолошки и физички тестови, борејќи се против неправдата.

3. „Подемот на темниот витез“ (2012)
Жанр: акција, трилер, научна фантастика
Актери: Кристијан Бејл, Том Харди, Ана Хатавеј
Кратка содржина: осум години по владеењето на анархијата на Џокер, темниот витез, со помош на мистериозната Селин, е принуден да го спаси Готам Сити, кој е на работ на целосно уништување, од бруталниот терористички силеџија Бејн.

4. „Интерстелар“ (2014)
Жанр: авантура, драма, научна фантастика
Актери: Метју Меконахи, Ен Хатавеј, Џесика Честеин
Кратка содржина: тим истражувачи патуваат во вселената, во обид да го осигурат опстанокот на човештвото.

5. „Престиж“ (2006)
Жанр: драма, мистерија, научна фантастика
Актери: Кристијан Бејл, Хју Џекман, Скарлет Јохансон
Кратка содржина: двајца илузионисти учествуваат во натпреварот за да се надвладеат еден со друг во крајната илузионистичка сцена.
6. „Бетмен започнува“ (2005)
Жанр: акција, авантура, суперхерој
Актери: Кристијан Бејл, Мајкл Кејн, Кен Ватанабе
Кратка содржина: по тренинг со својот ментор, Бетмен ја започнува борбата за ослободување на Готам Сити од криминал и корупција.

7. „Мементо“ (2000)
Жанр: мистерија, трилер
Актери: Гај Пирс, Кери-Ен Мос, Џо Пантолијано
Кратка содржина: маж го бара убиецот на својата сопруга и се обидува да не дозволи неговото краткорочно сеќавање да биде пречка.

8. „Несоница“ (2002)
Жанр: драма, мистерија, трилер
Актери: Ал Пачино, Робин Вилијамс, Хилари Свенк
Кратка содржина: двајца детективи за убиство во Лос Анџелес биле испратени во северниот град, каде што сонцето не заоѓа, за да го истражат методолошкото убиство на еден локален тинејџер.

9. „Данкирк“ (2017)
Жанр: акција, драма, историски
Актери: Фиона Вајтхед, Бери Кеган, Марк Риланс
Кратка содржина: сојузничките војници од Белгија, Британската Империја и Франција се опколени од германската војска и евакуирани за време на жестоката битка во Втората светска војна.

10. „Следење“ (1998)
Жанр: криминал, мистерија, трилер
Актери: Џереми Теобалд, Алекс Хау, Луси Расел
Кратка содржина: приказна за еден млад писател што следи непознати лица за инспирација.