Дарен Аронофски е американски филмски режисер, сценарист и продуцент. Номиниран беше за „оскар“ за најдобар режисер на филмот „Црниот лебед“ во 2010 година. Во прилог седумте најдобри филмови од него.

„Ноа“ (2014)
Жанр: акција, авантура, драма
Режија: Дарен Аронофски
Актери: Расел Кроу, Џенифер Конели, Ентони Хопкинс
Кратка содржина: Бог избрал Ноа да преземе важна мисија пред апокалиптичната поплава да го исчисти светот.

„Мајка“ (2017)
Жанр: драма, хорор, мистерија
Режија: Дарен Аронофски
Актери: Џенифер Лоренс, Хавиер Бардем, Ед Харис
Кратка содржина: мајката (Џенифер Лоренс) и тој (Хавиер Бардем) живеат идиличен живот во скриен рај. Но нивната врска почнува да страда кога еден човек (Ед Харис) и една жена (Мишел Фајфер) доаѓаат во нивниот дом непоканети. Тие го нарушуваат нивното спокојно постоење. Мајката е принудена да преиспита сè што знае за љубовта, посветеноста и жртвата.

„Фонтаната“ (2006)
Жанр: драма, научна фантастика
Режија: Дарен Аронофски
Актери: Хју Џекман, Рејчел Вајс, Шон Патрик Томас
Кратка содржина: илјадагодишната потрага по изворот на вечната младост на човек чија жена умира од рак.

„Пи“ (1998)
Жанр: драма, хорор, мистерија
Режија: Дарен Аронофски
Актери: Шон Гуле, Марк Марголис, Бен Шенкман
Кратка содржина: параноичен компјутерски гениј е во потрага по магичен број што ќе открие многу тајни.

„Борачот“ (2008)
Жанр: драма
Режија: Дарен Аронофски
Актери: Мики Рурк, Мариса Томеи, Еван Рејчел Вуд
Кратка содржина: филмот е приказна за професионалниот борач Ренди Робинсон, познат како Овен. Неговите денови на слава одамна се поминати, а по завршувањето на една борба, Ренди претрпува инфаркт, по кој едвај останува жив. Неговата кариера е дефинитивно прекината и тој размислува како да го продолжи животот надвор од арената.

„Црниот лебед“ (2010)
Жанр: драма, трилер
Режија: Дарен Аронофски
Актери: Натали Портман, Мила Кунис, Винсент Касел
Кратка содржина: „Црниот лебед“ е психолошки трилер во светот на њујоршкиот балет, во кој Натали Портман ја глуми Нина, танчарка што е заглавена во мрежата на конкурентната интрига со една нова ривалка во компанијата. „Црниот лебед“ ја прикажува приказната за Нина, балерина во њујоршка балетска компанија, чиј живот, како и на сите оние од нејзината професија, целосно е окупиран со танцувањето.

„Реквием за еден сон“ (2000)
Жанр: драма
Режија: Дарен Аронофски
Актери: Елен Бурстин, Џаред Лето, Џенифер Конели
Кратка содржина: откако вдовицата Сара Голдфарб (ја игра Бурстин) добива анонимен телефонски повик преку кој е повикана да учествува во телевизиски квиз, таа се согласува и решава да биде облечена во нејзиниот величествен црвен фустан, кој го носела и на матурата на својот син. Меѓутоа, со текот на годините таа се здебелила, што ја спречува во нејзината намера. За да ослаби побрзо, таа му се обраќа на лекар што ѝ препишува апчиња (амфетамини), од кои таа подоцна станува зависна. Тоа е главната причина за нејзините халуцинации и бегање од реалниот свет во светот на соништата.