Иако филмовите инспирирани од видеоигрите обично не се многу добро прифатени од критичарите и публиката, сепак има и такви што успеаја да си обезбедат обожаватели и добар рејтинг. Во прилог се наведени неколку од најдобрите филмови направени од видеоигри.

Есесинс Крид (2016)
Жанр: акција, авантура, фантазија
Режија: Џастин Курзел
Актери: Мајкл Фасбендер, Марион Котилар, Џереми Ајронс
Кратка содржина: Кога Калум Линч ја истражува историјата на својот претходник Агилара, добива вештини на главен убиец и открива дека е наследник на тајното друштво „Убијци“.

Принцот од Персија: песоците на времето (2010)
Жанр: акција, авантура, фантазија
Режија: Мајк Њувел
Актери: Џејк Гиленхал, Џема Артертон, Бен Кингсли
Кратка содржина: Посвоениот принц и мистериозната принцеза се здружуваат во трка против мрачните сили за да го заштитат дарот од боговите што може да го врати времето и да му овозможи на неговиот сопственик да владее со светот.

Енгри брдс (2016)
Жанр: анимиран, акција, авантура
Режија: Клеј Кајтис, Фергал Рајли
Актери: Џејсон Судеикис, Џош Гад, Дени Мекбрајд
Кратка содржина: Дознајте зошто птиците се толку лути. Кога населениот остров со среќни летачки птици е посетен од зелени прасиња, тројцата одметници Ред, Чак и Бомб мора да дознаат што планираат прасињата.

Хитмен – агент 47 (2007)
Жанр:акција, крими, драма
Режија: Хавиер Генс
Актери: Тимоти Олифант, Дугер Скот, Олга Куриленко
Кратка содржина: Платен убиец познат само како агент 47, ангажиран од група позната како „Организација“, која е заробена во политички заговор, гонет е од Интерпол и Руската армија додека патува низ Русија и Источна Европа.

Д кинг оф конг: фистфул оф квартерс (The Fistful of Quarters – 2007)
Жанр: документарен, биографија, спорт
Режија: Сет Гордон
Актери: Стив Вибе, Били Мичел, Марк Алпигер
Кратка содржина: „Загрижени“ гејмери се натпреваруваат за да го уништат рекорд на класичната аркадна игра.

Резидент ивл (2002)
Жанр: акција, хорор, научна фантастика
Режија: Пол В.С. Андерсон
Актери: Мила Јовович, Мишел Родригез, Рајан Меклуски
Кратка содржина: Специјална воена единица се бори против силни и неконтролирани суперкомпјутери и стотици научници, кои по направена лабораториска грешка мутираа во чудовишта што јадат луѓе.

Играта Инди: филмот (2012)
Жанр: документарен, драма
Режија: Лисан Пајот, Џејмс Свирски
Актери: Џонатан Блоу, Брендон Бојер, Рено Будар
Кратка содржина: Документарец што ги следи креаторите на независни (инди) игри.