Серијата „Круната“ сосема очекувано се најде помеѓу најдобрите и најскапи проекти на „Нетфликс“. Раскошната сценографија и костимографија се присутни од самиот почеток, но четвртата сезона се очекуваше со особено одушевување. Првпат Петер Морган ги прикажа принцезата Дијана и нејзиниот влез во кралското семејство, односот со Чарлс, Камила и со кралицата. Ова се најдобрите документарни филмови за принцезата Дијана и кралското семејство, како и книгите посветени на генијалната лејди Ди.

ФИЛМОВИ
„Дијана: Со нејзини зборови“
Како што кажува и самиот наслов, филмот ни нуди поинаков поглед на случувањата во кралското семејство и животот на Дијана, бидејќи за клучните работи говори самата таа. Документарецот се состои од интервјуа и снимки што новинарот и биограф Андру Мортон тајно ги снимал со лејди Ди. Веројатно тоа е најперсоналниот пристап на приказната на Дијана, а во текот на документарецот низ разговори се стигнува до нејзиниот статус во кралското семејство, бракот со Чарлс и патот до светска ѕвезда.

„Дијана, наша мајка: Нејзиниот живот и наследство“
Еден од ретките документарни филмови во кој активно се вклучени принцовите Хари и Вилијам. Дваесет години по нејзината смрт, синовите на Дијана беа вклучени во снимањето на документарецот од нивна перспектива. Откриваат многубројни детали од нивните приватни животи и сеќавања на нивната мајка, фотографии што јавноста претходно ги нема видено, како и заеднички снимки. Се фокусира и на нејзината трагична смрт во 1997 година, кога принцот Вилијам има петнаесет, а принцот Хари дванаесет години.

„Дијана: седум дена што го шокираа светот“
Истовремено Хари и Вилијам работеа на уште еден документарец во соработка со „Би-би-си“.Филмот се фокусира на последиците од трагедијата во која Дијана го загуби животот, најмногу на една недела по несреќата кога се одржува погребот. Деновите одбележани со огромно медиумско внимание, писма и тага, Вилијам и Хари ги коментираат во документарецот и прават искрен осврт на еден од најпотресните настани во историјата на кралското семејство.

„Кралската куќа во Виндзор“
Доколку ве интересира пошироката историја на кралското семејство, тогаш ова е вистинскиот филм за вас. Се состои од шест епизоди по 45 минути и нѐ води низ деталите од животот на кралското семејство, од владеењето на кралот Џорџ Петти и Втората светска војна, па до денешните членови на модерното кралско семејство.


КНИГИ

„Денот кога умре Дијана“
Документарните филмови се одличен начин да се открие другата стана на кралското семејство, но книгите за легендарната принцеза засекогаш ќе ги красат вашите полици и секогаш ќе можете повторно да ги прелистате. Кристофер Андесен се прослави со својата биографија „Џеки после Џек“ за Џеки Кенеди, па со исто толкаво исчекување беше придружена и неговата книга „Денот кога умре Дијана“. Андерсен детално ги опишува и приближува последните денови, настани, разговори и моменти пред страшната сообраќајна несреќа. Ги истражува движењата на Дијана, луѓето со кои се среќава и нејзините изјави, а изнудува и реакциите на сите вклучени во трагедијата.

„Паметејќи ја Дијана: Животот низ фотографии“
Издвоивме и една провокативна фотокнига што ја изработија биографката Тина Браун и „Нешнл џеографик“. По повод 20 години од нејзината смрт е објавена книгата што ни го прикажува животот на Дијана низ фотографии. Повеќе од стотина моменти забележани со апарат, и тоа оние клучните: венчавката со Чарлс, раѓањето на принцот Вилијам и на принцот Хари, нејзини фотографии од младоста, неславни појави во јавноста и слично. Покрај тоа, книгата содржи и многу изјави од блиски сонародници и пријатели на Дијана, како Елтон Џон и Нелсон Мандела.

„Дресинг Дијана“
Малку поразличниот поглед на општеството, хуманитарната работа и статусот беше тоа што ја истакнуваше Дијана. Со нејзината појава секогаш се поврзуваше посебен моден израз со кој се разликуваше од другите членови на кралското семејство. Книгата на новинарот Тим Грахам и на модната новинарка Тасмин Бланкард ни прикажува сѐ за модата на Дијана и за начинот на облекување, од вечерни фустани, костими, секојдневни модни парчиња и како истите тие се менувале низ текот на годините.

„Деведесет и девет погледи на принцезата Маргарет“
По долгиот список препораки инспирирани од принцезата Дијана, не можеме да ги заокружиме препораките без принцезата Маргарет. Исто како и Дијана, Маргарет отсекогаш важеше за поразличен член на кралското семејство, која не секогаш се вклопуваше во нивната приказна. Затоа оваа препорака ја посветуваме на нејзиниот фасцинантен, трагичен и генијален живот и персоналност. Книгата за една од најхаризматичните личности во Бакингемската палата ни ги прикажува искуства на незините соработници, нејзините славни изјави и скандали, односот со најголемите холивудски легенди од тој период. Секако, книга што не може да се заобиколи.