Работните места главно се стресни, но има и занимања што голем број луѓе ги доведуваат во депресија. Американскиот институт за ментално здравје спроведе истражување што покажува дека речиси 20 милиони луѓе се соочуваат со депресија секоја година.
Депресијата е предизвикана од генетски предиспозиции, како и проблеми во семејството и стрес на работното место. Истражувањата покажуваат дека најдепресивни се луѓето што работат во јавниот превоз, градежниот сектор и јавните услуги. Не е познато дали луѓето се депресивни затоа што ги вршат овие работи или само луѓето што се склони кон депресија ги избираат овие работни места.

Истражувањето спроведено од Лавсон Вулин од Универзитетот во Синсинати е засновано врз податоците за здравствено осигурување на 214.000 лица од територијата на Пенсилванија, кои се вработени во 55 различни сектори.
Вулин дошол до заклучок дека највисок степен на склоност кон депресија имаат луѓето што се занимаваат со занимања каде што има честа интеракција со јавноста или со клиенти, каде што постои можност за чести стресни ситуации, а физичката активност е речиси непостојна.

Оние што се вработени во преработувачката индустрија, адвокати, брокери, како и оние што се занимаваат со квалитетот на животната средина и домувањето, печатењето и издаваштвото, се исто така склони кон депресија.