Историските великани, како што се Наполеон Бонапарта, Никола Тесла и Леонардо да Винчи, ја органирале својата динамика, време и количество на сон. Се смета дека тоа делумно е и причината за нивните извонредни придонеси за човештвото.

Се верува дека еден од најголемите умови, Никола Тесла, спиел по само два-три часа дневно.

– Мислам дека не постои ниедно возбудување што минува низ човековото срце како она кога изумителот ќе види голема креација во умот, што се издига над светлоста на денот. Таквите емоции го тераат човека да заборави да јаде, да спие, да заборави на љубов…- има кажано Тесла.

Научникот Исак Њутн спиел по три-четири часа дневно, а сепак доживел длабока старост. Некогаш работел деноноќно, без никакви паузи, храна или сон.

Изворите велат дека Леонардо да Винчи спиел само по час и половина и тоа само по 15-20 минути на секои четири часа. Постои мит дека додека ги создавал своите дела не спиел и по 22 часа. Неговите следбеници се обидувале да го следат неговиот систем на живот и тврдат дека функционира одлично.

Винстон Черчил спиел од три до пет часа дневно, меѓутоа спиел попладне. Станувал во осум, потоа неколку часа лежел во кревет, пиел чај, пишувал писма и читал весници, а дури потоа почнувал со работа.

Томас Џеферсон спиел по два часа дневно, меѓутоа немал разработено никаков систем. Во писмата што ги испраќал до пријателите им пишувал за своите спијачки навики. Од писмата се воочува дека спиел нередовно, без ред, во различна доба од денот и ноќта. Посебно внимание одавал на читањето книги, па редовно пред спиење барем половина час читал книга.

Некои тврдат дека Наполеон спиел од полноќ до два навечер и од пет до седум наутро. Неговите офицери раскажувале дека дури и после напорна битка од неколку часа Наполеон имал фантастична способност да се регенерира со само половина час спиење.