Во пештерата Сон Донг во Виетнам која важи за најголема на светот и денес е туристичка атракција, масовниот туризам е спречен така што е ограничен бројот на посетители и со воведување на високи цени. Сето тоа е со цел да се заштити еко системот и се спречи нарушување на природниот пејзаж.

Огромни карпести формации со големина на облакодери се надвиснуваат над водичот Хо Мин Фук додека избира патека низ мрачната внатрешност на најголемата пештера на светот. Фук е водич на мала група луѓе кои ја истражуваат пештерата Сон Донг во Виетнам, која е толку голема што има свој екосистем и сопствена микроклима.

Сон Донг е дом на летечки лисици, џунгла, пет километри долг тунел со џиновски сталактити и сталагмити. Пештерата е вистинско подземно чудо во срцето на виетнамска џунгла која го променила животот на локалната заедница по отварањето за туристи во 2013 година.

Сон Донг првпат била откриена од локален жител во 1991 година, кога наишол на отвор во варовничка карпа и слушнал подземни води во длабочина. Но кога се вратил дома тој заборавил каде се наоѓа тајниот влез и пештерата останала скриена уште две децении. Пештерата Сон Донг повторно била откриена во 2009 година со помош на британски истражувачи, кои утврдиле дека таа го има најголемиот пресек во однос на која било друга пештера во светот.

Според компанијата „Оксалис“ која организира авантуристички турнеи за посетителите, пештерата на некои места се издигнува и е толку голема што може да ги собере 40-катните облакодери од еден цел блок во Њујорк.