Најбогатиот човек на светот Џеф Безос, основачот на „Амазон“, остана без 5,6 милијарди долари, додека пророкот од Омаха, Ворен Бафет, изгуби 5,3 милијарди

Со завчерашниот пад на акциите, се избриша и големото богатство на милијардерите, па се промени скалата на најбогатите во светот. Волстрит забележа највисок пад од финансиската криза во 2008 година. Така, до крајот на денот богатството на нафтениот магнат Харолд Хем се преполови на 2,4 милијарди долари, поради што излета од листата на 500 најбогати луѓе на светот на агенцијата „Блумберг“.
Истото тоа им се случи и на неговите колеги од секторот, Џеф Хилдебранд, Леонид Федун и Вагит Алекперов од „Лукоил“, кои вкупно изгубија пет милијарди долари. Но енергетските моќници најмногу пари изгубија во проценти, додека паричните загуби во другите индустрии беа дури и поголеми.

Индиецот Мукеш Амбани, на пример, кој завчера се разбуди како најбогат човек во Азија, остана без 5,8 милијарди долари, па поради тоа титулата му ја украде Џек Ма, кој изгуби скромни 1,1 милијарда. Французинот Бернард Арно, шеф на гигантот за луксузна стока „Луи Витин Моет Хенеси“, е најголем европски губитник бидејќи поради падот на цената на нафтата, а со тоа и на акциите, има 4,4 милијарди помалку на сметката.

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос, основачот на „Амазон“, остана без 5,6 милијарди долари, додека пророкот од Омаха, Ворен Бафет, изгуби 5,3 милијарди.
Според пресметките на „Блумберг“, 500-те најбогати луѓе на светот вчера заедно изгубиле 238,5 милијарди долари, што е најголем пад откако овој медиум почна да го следи нивниот индекс во октомври 2016 година. Загубите се однесуваат на падот на вредноста на акциите со кои јавно се тргува и на проценетиот пад на вредноста на приватните компании. Во оваа година, наведува агенцијата „Блумберг“, се избришани повеќе од половина билион долари од вкупното богатство на 500-те најбогати луѓе.