Во духот на прославата на својот дваесетти роденден на Петроварадинската тврдина од 13 до 16 август, фестивалот „Егзит“ подготвува големо белградско загревање на 10 и 11 јули, насловено „Но слип тил Егзит“. На просторот пред колосалните силоси „Житомлин“ во Дорќол, веднаш до Дунав, ќе настапи моментно најбараното диџејско дуо во светот „Артбат“, на кое ова ќе му биде прв меѓународен настап по четири месеци пауза. Тоа наедно ќе биде и можност пред регионалната публика да го претстават својот нов планетарен хит „For A Feeling“, кој не се симнува од светските радиостаници уште од објавувањето во април.

За таа песна и Дејвид Гета кажа дека е најдобрата што ја чул годинава, а уште во промотивниот период пред објавувањето ја вртеа и „Тејл Оф Ас“, Ани Мак, Пит Тонг, Тиесто и стоици други светски диџејски ѕвезди. Деновиве актуелна е и обработката на оваа песна во изведба на „Калеидоскор оркестра“, познати по преработките и на други диџеи, како што е на пример Скрилекс. Покрај украинското диџеј-дуо, на 11 јули ќе настапат уште и регионалната диџејска икона Марко Настиќ, српскиот диџеј и продуцент во подем Коес, како и еден од бардовите на белградската диџеј-сцена последниве години, Кристијан Молнар.

Викендот за загревање, со кој и официјално почнува одбележувањето на 20-от роденден на „Егзит“, ќе го отвори мистериозниот диџеј Лутеманиа.

В среда пристигнува првиот строго ограничен број на влезници за загревањето во Белград.