Научниците создале нова супербела боја што рефлектира 95,5 проценти од сончевата светлина, така што останува поладна од околината и дење и ноќе.
Тимот од универзитетот „Пурдју“ во САД ја направил бојата користејќи калциум карбонат наместо вообичаените честички на титаниум диоксид, со намера речиси целосно да ја намали апсорпцијата на ултравиолетовите зраци.
Експертите велат дека новата боја може да ги задржи зградите постудени на природен начин, наместо да се користат климатизери што придонесуваат за глобалното затоплување.
За време на тестирањето на новата акрилна боја, било откриено дека таа навечер останува за 10 степени поладна од околината, додека преку ден, кога Сонцето е во својот зенит таа била најмалку 1,7 степен поладна.
Другите слични бели бои рефлектираат помеѓу 80 и 90 проценти од светлината, така што тие не можат да бидат постудени од надворешната температура.