Џош Вилис, научник на НАСА, леташе над Гренланд и го набљудуваше овој поларен свет од стопен мраз и темни базени со вода. Кон средината на август, топлотниот бран стопи големи делови од ледената покривка на Гренланд, што се трипати поголеми од Тексас. Тоа е видлив знак за промена на времето и климата. Во текот на изминатите децении научниците забележаа рекордно топење на Гренланд, што резултира со излевање вода во морињата и зголемување на нивото на морињата. Досега, во 2021 година, големината на стопената површина е значително поголема од просекот забележан помеѓу 1981 и 2010 година, за околу 2,6 милиони километри.

Вилис вели дека топењето на мразот во Гренланд станува поекстремно со секоја нова деценија, поради влијанието на човекот врз климата.
Научниците открија дека Гренланд се топи побрзо во последните неколку децении отколку во последните најмалку 350 години. Мразот се намалува.
Како што климата се затоплува, топлотните бранови стануваат поекстремни, така веќе се случуваат и поголеми топења на типично ледениот врв на островот. Летово неколку сериозни топлотни бранови го погодија Гренланд, а врнеше дожд на врвот, односно на височина од 3.216 метри. Научниците никогаш порано не забележале дожд на таа локација.

Пред 1995 година, поминале векови помеѓу големите настани на топење на врвот, а доказите за тоа лежат во суштината на праисторискиот мраз на Гренланд. Сега тоа топење се случи неколкупати во последните децении.
Фотографиите направени од авионот го покажуваат југозападниот дел на Гренланд. Темносините површини претставуваат базени со вода, додека посветлите површини се всушност снег заситен со вода. Овој вид топење обично резултира со спуштање на водата во реките кон океанот. Висините каде што се топи мразот на Гренланд полека се зголемуваат, особено во последните три децении.