Израелски научници дознале како да ја намалат содржината на шеќер во колачи за 40 отсто, без да го променат вкусот.

Откритието е на прехранбената компанија „DouxMatok“, пренесе весникот „Дејли Мејл“. Доколку новите рецепти најдат добар прием кај потрошувачите, може да се стави крај на вештачките засладувачи кои предизвикуваат дебелина.

Молекулите на шеќер мора да паднат на рецепторите за вкус на јазикот, за да почувствуваме слатко. Но, како што откриле научниците, само една петтина од шеќерите што се користат во колачи, бисквити и чоколади стигнуваат до нашите рецептори. Останатите ги нема и влегуваат директно во стомакот.

За да ја надминат оваа ситуација, израелските научници користеле метод, познат во фармацијата. Кај него, лековите се „пакуваат“ во молекули, така што точната доза да се достави до засегнатото место. Израелската компанија додала микроскопски честички од минерали без вкус, како што е силициум диоксид, обложен со шеќерни молекули. Така, помали количини на шеќер се задржуваат подолго на рецепторите за вкус и даваат поинтензивно чувство за слатко.

При тоа, вкусните својства на производите се зачуваат.