Научниците велат дека новооткриената планета, официјално именувана ВАСП-107б, или позната и како „суперпаф“, има многу пониска густина отколку што се сметаше дека имаат планетите од типот на Јупитер воопшто, пишува „Индепендент“. Станува збор за иста големина како и Јупитер, но со густина дури 10 пати помала, што ги натера истражувачите да ја споредат планетата со шеќерна волна. Како таква, планетата е посебна и одделно набљудувана поради „значајните импликации“, што значи планетите од типот Јупитер, т.е. гасните гиганти, може да се формираат многу полесно отколку што се сметаше порано.
– Ова откритие се однесува на самите основи за тоа како се формираат и растат гигантски планети. Даден ни е конкретен доказ дека масивната акумулација на гасната обвивка може да се активира за јадра што се многу помали од она што го сметавме – вели Бјорн Бенеке од Универзитетот во Монтреал.
Планетата е извонредна не само затоа што е невообичаено голема туку и затоа што има слаба гравитација на површината, како и осветленоста на нејзината ѕвезда. Ова им овозможува на овој свет и неговата атмосфера да се изучуваат подетално отколку што е инаку можно.

Планетата е 16 пати поблиску до својата ѕвезда отколку Земјата до Сонцето. Истражувачите објавија нови и револуционерни резултати од четиригодишното истражување на системот во најновиот број на „Астрономскиот журнал“. Небесното тело ВАСП-107б првпат е забележано во 2017 година. Орбитираше околу својата ѕвезда на растојание од околу 212 светлосни години од Земјата. Таа е многу блиску до својата ѕвезда, околу 16 пати поблиску од Земјата до Сонцето. Понатамошните истражувања покажаа дека тоа е една од планетите со најниска густина позната на човекот. Тој кревок материјал ги натера истражувачите да го наречат „суперпаф“ или „шеќерна волна“.
– За ВАСП-107б најверојатно сценарио е дека планетата се формира далеку од ѕвездата, каде што гасот во дискот е доволно ладен, така што акумулацијата на гас може да се случи многу брзо. Планетата подоцна може да мигрира до сегашната позиција, или преку интеракција со дискот или со други планети во системот – објасни Ив Ли, професор на универзитетот „Мекгил“.