Вечерва, во 19 часот, познатиот македонски пејач на народна муика Наум Петрески ќе ја претсави својата нова песна „Гнездо“, за која е снимен и интересен видеозапис.

Промоцијата ќе се одржи во ресторанот „Александрија“, во Радожда, Струшко, каде се снимени и некои од секвенците на спотот, зад кој застана „Естрада плус 2“ продукција.

Музиката и текстот на „Гнездо“ ги потпишува Даме Коларовски, кој го направи и аранжманот заедно со Димитар Кочев. Снимањето на аудио записот се одвиваше во студио „Анастасија“, под будното око на Љупчо Павловски. Придружни вокали се: Сара Пројкоска и Македонка Петреска.

На промоцијата се поканети соработници на Наум Петрески, негови колеги, новинари и обожаватели. М.Т.